Фото: Јапонска амбасада

Јапонија, преку својата програма за мали грантови (GGP) денеска на Општина Градско, односно на Јавното комунално претпријатие „Клепа“, му подари трактор со соодветна придружна механизација, во вкупна вредност од 40.178 евра.

На церемонијата за врачување на донацијата присуствуваа Такахаши Сатору, Заменик шеф на Мисијата на Амбасадата на Јапонија, Градоначалникот на Градско, Роберт Бешовски, и директорот на Јавното комунално претпријатие „Клепа“, Златко Арсов.

На состанокот, тројцата соговорници се договориле да ја зајакнат идната соработка помеѓу Амбасадата на Јапонија и Општина Градско, а притоа Сатору изразил благодарност до граѓаните на Градско за нивното пријателство, соопшти Амбасадата на Јапонија.

Преку програмата за мали грантови (GGP), Јапонија финансирала проекти за реновирање и обезбедување опрема за повеќе од 70 училишта и 57 здравствени установи и обезбедила 31 возило за одржување и комунални возила за 49 општини.