Фоторепортерот на „Мета“ го посети домот на хероината од документарниот филм „Медена земја“, Атиџе Муратова во селото Бекирлија, Општина Лозово.
Во тој живописен предел и таа куќа е снимен „Медена земја“ кој е номиниран за Оскар во две категории, најдобар документарец и странски филм.
Документарецот постигна историски успех за македонската кинематографија, бидејќи за прв пат имаме номинација во две категории и освои бројни награди по реномирани фестивали.
Атиџе Муратова вчера се сретна и со градоначалникот на Општина Лозово, Аце Велковски кој и ветил реновирање на покривот на куќата во Дорфулија, каде што Атиџе се пресели, но и вработување. Бидејќи, оваа хероина од филмот многу сака и да пее, ќе сними песни во професионално студио.