fbpx

ДОМ нема да оди на избори на 5 јуни

-

На денешната седница, централниот одбор на ДОМ ја потврди одлуката на извршниот одбор за бојкот на изборите на 5 јуни, информираат од партијата.

„Како партија која инсистира на владеење на демократските принципи во земјата, не можеме да прифатиме да излеземе на избори на кои не се обезбедени елементарните услови тие да бидат фер, слободни и демократски. За таа цел се неопходни чист избирачки список и регулирана медиумска сфера. Целата јавност можеше да се увери во каква хаотична состојба е избирачкиот список, со повеќе од 300.000 спорни гласачи, како што кажа ДИК во првичниот извештај, донесен со консензус на сите негови членови. Подоцна, мнозинството членови на ДИК излегоа со бројка од 110.000, за на крај да ја сведат на 89.000 лица. Самата теренска проверка беше изведена несериозно, со поигрување со граѓаните и со нивната интелигенција“, пишува во соопштението на ДОМ.

Од партијата сметаат дека треба да продолжи борбата за да се обезбедат услови за веродостојни избори, кои се неопходни за излез од длабоката политичка криза во која се најде Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...