fbpx

ДОМ: Битката со загадувањето на воздухот треба да ја водиме сите

-

Партијата ДОМ му даде поддршка на утрешниот протест против загадувањето на воздухот во Скопје и ги повикаа сите граѓани да направат притисок врз властите за да преземат енергични мерки во битката против загадувањето кое Скопје го сместува меѓу најзагадените градови во светот.

– Оваа битка треба да ја водиме сите, без разлика на нашите убедувања и припадност. ДОМ ги повикува политичките чинители од Владата и од Град Скопје да покажат силна политичка волја, да одвојат финансиски средства и да преземат сериозни мерки за решавање за најважниот проблем со кој се соочува не само Скопје туку и другите градови низ Македонија. Поразителен е податокот дека Македонија е најзагадената држава во Европа, а шеста во светот. Ги повикуваме стопанските субјекти да не ги ставаат своите бизнис и профит-интереси пред здравјето и животот на граѓаните, да покажат општествена и еколошка одговорност за најважното нешто, а тоа е воздухот. Ги повикуваме граѓаните, особено оние недоволно освестените, да преземат мали, но значајни мерки со кои би придонеле да се намали загадувањето на Скопје, како почеста употреба на градски превоз и велосипед, да не користат огревен материјал кој силно влијае на загадувањето и да го намалат користењето на автомобилите – вели портпаролот на ДОМ, Тони Ристов.

Од ДОМ предлагаат да се стопираат градежните активности во градските средини, да се воведе задолжителна „зелена“ зона ослободена од возила, да се забрани движење на тешки возила во градски подрачја, да се отстранат од сообраќај сите возила што не го задоволуваат стандардот еуро 4, а Владата да даде буџетска поддршка за набавка на течен гас, печки со целосно согорување, сончеви панели за топла вода и за изолација на домовите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...