Форумот на жени на ДОМ им го честиташе 8 Март, Меѓународниот ден на жените, на сите жени во Република Македонија. Во соопштението на партијата се наведува дека ја поддржуваат платформата „Планета 50-50“ до 2030 година, поставена од Обединетите нации.
– Предлагаме преку измени во Изборниот законик, да се обезбеди еднаквa застапеност на жените и на мажите во политиката во Република Македонија, како основа за економска и за социјална еднаквост. ДОМ овој принцип веќе го практикуваше на локалните избори во 2013 година, со предложени 50 отсто жени на листите за советници – пишува во соопштението на партијата.