Crimson Desert е игра која ја прават девелоперите Pear Abyss, истите одговорни за онлајн играта Black Desert. Првично Crimson Desert беше најавена дека ќе биде онлајн игра, па потоа и микс од RPG, но последниот модел е Single Player игра која е акциона авантура во свет што е мешавина од епска и научна фантастика со стимпанк елементи.
За оваа игра имаме и претходни написи што може да ги прочитате овде. Во продолжение ви го презентираме најновиот трејлер со најавата дека играта излегува на 19 Март 2026:
Се работи за импресивна игра која беше под лупата на гејмерите веќе подолго време. Одлични борби и секакви можности во огромен отворен свет. Во играта нема креирање карактер туку се игра со протагонистот по име Клиф. Покрај главната приказна може да ја играте самата игра на свој начин, може да бидете добар или лош со голем варитет на избори од кои зависи вашиот иден однос од одредени фракции и гилди во играта.
Исто како на Елден Ринг во Crimson Desert имате борби со босеви, за кои девелоперите велат дека секој бос ќе има интересни нови механики- и одредени босеви штом ги поразите ќе ви отклучат нови специјални скилови со екстравагантни анимации карактеристични за главните удари на одредени босеви. Во досегашните прикажувања и снимки од играта гејмерите шпекулираат дека ќе има околу 40 главни за тепање.
Што се однесува до самиот комбат -дека самата игра буквално рециклира и места и ликови од Black Desert Online игра за која имаме повеќе написи на следниов линк.
Борбите се со многу светлосни ефекти и брутални удари и за посебни противници и кога се борите против група противници. Исто така нема Lock on Target систем, туку како удирате ликот се врти автоматски во правец на босот, што е наречено smart targeting, но се претпоставува дека во опциите на играта ќе има да се избере и tab targeting.
Сепак иако се работи за акциона игра повеќето луѓе што ја тестирале -викаат дека борбите се слични како во тепачките флиперски игри -со посебни комбоа, врзување и воедно избегнување удари дистанцирање и доближување. Но има и мегаломански борби со Змејови кои се и роботизирани -односно машини. Џуџињата во играта се инженери, а летачките футуристички острови се со многу загатки и со нив владеат ликови кои се дигитална свест и се манифестираат како холограми.
Во самите борби има сличности на комбатот со серијалите Devil May Cry и Shadow of Mordor – па дури и играта Shadow Of The Colossus кога се бори главниот Јунак Клиф со масивни џиновски босеви. Следното видео е најнов гејмплеј излезен за Crimson Desert во времетраење од 25 минути во 4К квалитет:
Светот се тврди дека ќе биде најголем отворен свет во Single Player игра досега и сè што може да видите во далечината -ќе може да се стигне таму. Патувањето низ играта инволвира јавање коњ првично, но потоа јавате на мечки, големи волци, па и возите роботи и исто така може да летате и на змејови во правец што вие го одредувате. И уште две присутни механики се пуштањето јаже со кука -што ви дава нишање како на Спајдермен игрите и глајдер во извитоперена гавранска чудовишна форма што може да го употребувате и после високо скокање нагоре, но и двата начина служат и како оружје против непријатели, со гладерот оштетувате нерпријатели под вашиот скок, а со јажето може да се закачувате на поголеми непријатели и да стигате до нив инстантно „во домет на вашиот меч.“
Ова е снимка скратена верзија од целосниот стрим на девелоперите со најнови објаснувања за играта:
Играта Crimson Desert која е во најава е навистина одлична игра на која се работи догло, но исто така и ќе држи скапа цена- стандардната игра ќе чини 69,99 евра, а делукс едицијата ќе се продава за 79,99 евра( Има и Collectors Edition на главниот вебсајт на играта што ќе има астрономска цена од над 200 евра -Едиција која веќе се препродава и на сајтови за тргување- со додатоци од кои најважна за повеќето играчи е статуетката) а уште веднаш може да ја додадете на Wishlist на Steam иако освен за персонални компјутери ќе биде достапна и за сите конзоли. Во тек е и можноста да се направи pre-purchase (нарачка на претпродажба) на играта што ќе ви обезбеди еднократни ексклузивни скинови и ред различни бонуси во самата игра.
