Фановите на Diablo 4 конечно ја добиваат класата „Paladin“ за играње што се отклучува со купување на преднарачка на новонајавената експазнија за играта наречена Diablo 4: Lord of Hatred.

Може да се игра веднаш уште денес долколку се направи преднарачката. Но исто така е најавена и уште една нова класа која што ќе се открие на денот на излегувањето на експанзијата. Се добиваат нова приказна и регион, две нови класи и два нови слота за ликови. Но најглавната вест е дека Паладинот после толку многу барања на играчите доаѓа како класа за играње во играта.

 

Паладинот во експанзијата доаѓа со иконичен сет на скилови добро познати во франшизата, базирани на Верба, Физичка Сила и Свети моќи за уништување демони (Holy Impact skills).

Познатите способности како аурите за лечење, напад и одбрана што важат за целата група во која е паладинот, светиот чекан што се фрла и кружи. Светиот штит што функционира не само како и претходно да биде бумеранг и скока со удари од еден на друг непријател, туку и се фрла и се движи полека и пулсира а со секој пулс привлекува и стакира непријатели и прави AOE (Area of Effect Damage).

Палењето на тлото под и околу себе со свет пламен e заменето со експлозија позната како „Holy Nova“ исто така со AOE ефект, и ударите со Зил (произлегува од теминот Зилоти, религиозни фанатици од Историја кои се саможртвувале во реалниот свет) способноста што жртвува здравје за посилно удирање.

Се враќаат на голема врата сосе нов Систем на Заклеткви – каде паладинот го бира својот пат – гејмерите шпекулираат дека веројатно патеките за бирање ќе бидат слични како во World of Warcraft за Заштита, Лечење и Офанзива со Ретрибуција. Еве како изгледа играњето на класата паладин во моментов.

 

Новиот регион островите Сковос ќе биде додаден на мапата – според сликите на нет атмосферата во градот и околините е со старогрчка архитектура и многу вода наоколу како и вулкан, но според приказната ова е местото каде пред долго време се заљубиле Демоницата Лилит и Архангелот Инариус.

Можно е поради очиглености и шпекулации на гејмерите ова да е домот на второнајавената  другата нова класа – Амазонката. А бидејќи се работи за зона со острови – покрај новите начини за убивање на хорди напливи од демони наречен Еchoing Hatred -се воведува и мирољубива активност –  риболов во самата игра-што сигурно ќе го направат и извор на ресурси во играта.   

Според блиц од трејлерот се предвидува и враќањето на Лилит во играта, а враќањето на Мефисто нејзиниот татко -ќе биде во форма на измамник свештеник што придобива верници кои потоа ќе ги злоупотреби за деструктивни цели и свој личен бенефит. Како паладин сте фатени во замрсена нова приказна но со очигледна детерминираност да го открите скриеното зло против кое паладинот директно се бори во иконичниот оклоп на фантазиски крстоносец витез (иако ова само по себе е етички дискутабилен концепт).

Исто така се враќа и употребата на Horadric Cube -ајтем што нуди трансмутации на џемови, руни и оружја и оклопи, но воедно и екстра простор за носење ајтеми. -добро познати карактеристики на играчите ширум светот што се фанови на Диабло серијалот од самиот негов почеток до денес.  

Класата Паладин најпрвично беше најавена вчера на The Game Awards 2025 со голема 3D претстава на огромен Демон што го преставува Мефисто – што требаше да биде и хумористична и заплашувачка истовремено, еве како изгледаше таа „флоп“-гротеска:

Диабло франшизата отсекогаш била игра во која наративот на религиозна репресија е прикажан преку персонификација -на злото што самото тоа го содржи. Одложувањето на Паладин класата од страна на Близард досега беше затоа што тоа им беше „џокер“ за поголеми заработки кои го чуваа бидејќи гејмерите ширум светот го бараа враќањето на оваа класа уште од моментот кога станаа свесни дека основната игра Диабло 4 не ја содржи класата Паладин, која во Диабло 2 беше омилената стартна класа на голем број од играчите и содржи многу носталгија за минати времиња. Но Близард очигледно знаат што прават за да го максимизираат својот профит и оваа понуда ја даваат токму во предновогодишниот период -кога луѓе ширум светот се волни за потрошат повеќе пари од обично. 

Од денеска почнува и новата сезона 11 во Диабло 4 и голем број играчи веќе ја играат најновата старо-нова класа Паладин и поставуваат видеа и стримаат на YouTube, еве како изгледа тоа.

 

Експанзијата за Диабло 4 Lord of Hatred излегува на 28ми април 2026та година. А преднарачките за играта може да се направат на Battle.net платформата во три варијанти, стандарната цена е 40 евра, делукс верзијата 60 евра и Ултимативната верзија со сите можни додатоци е понудена моментално по цена од 90 евра. Играта е достапна и на Steam и на Xbox. А и доколку ја немате првата експазнија Vessel of Hatred вклучена е во цената, а и да ја имате плаќате фул по овие понуди. Но без разлика дали ќе купите една од двете поевтини варијанти- може дури и потоа да се надгради акаунтот до Ултимативната верзија. За Диабло 4 имаме повеќе написи што може да ги прочитате тука.