Излегувањето на токму овој наслов Vampire: The Masquerade – Bloodlines 2 официјално се чека веќе 20 години иако во меѓувреме меѓу првата Bloodlines и најновата во истиот сетинг излегоа две игри од кои понова е Vampirе: The Masquerade – Swansong, a измеѓу и ден денес редовно активна и аптејтирана е вамприската игра батл ројал, тип на игра како Фортнајт, наречена Vampirе: The Masquarade – Bloodhunt која е бесплатна и може да се игра преку Steam. 

Сите овие игри се во истиот фантазиски универзум со вампири што го започна првата игра Vampirе: The Masquerade – Redemption една од најдобрите RPG класични игри на своето време.

Најновата верзија има толку многу развиени и нови карактеристики што може да се очекува Vampirе: The Masquerade – Bloodlines 2 да биде одлична игра.

 

Приказната во играта се одвива околу женски протагонист наречена „Номадот“ што е прастар вампир од највисок ранг, опседнат со дух на вампир детектив што ве води и ви помага да разрешувате мистерии во текот на дејствотo каде повторно си ги добивате моќите.

Истовремено се прават сцени во стилот на „ноар“ филмови за сеќавањата на детективот Fabien на локации во Сиетл кои ги посетувате со „Номадот“ или ако повеќе преферирате “Номадката“ по име Phyre.

Најинтересна нова карактеристика во крвавите брутални борби е интересната употреба на телекинезата со која можете да пренасочувате дури и предмети во лет вклучувајќи сечила за фрлање, рандом предмети па дури и куршуми, а не само да лансирате статични премети од околината кон непријатели.

Опседнатоста со духот на детективот на главниот лик гејмерите ја споредуваат со случајот кога главниот лик во Сајберпанк 2077 во себе го има даулоадирано Џони, ликот што го толкува Кијану Ривс, кој го води и насочува, некакогаш за заеднички некогаш за свои цели. Затоа и протагонистката Phyre сака да најде начин да го исфрли детективот Fabien од својата глава и истовремено да открие како успеал да ја опседне. 

Покрај веќе постоечките најпознати кланови како Бружа, Носферату, Вентру и Тореадор се појавуваат уште неколку кланови на вампири кои не се спомнати во претходните игри, но играчите глобално изразуваат највеќе внимание кон кланот Тореадор, затоа што овој клан се базира на естетика и заведување и нуди највеќе опции подобро да ви изгледа ликот, што е важен фактор кај гејмерите дека естетиката во игрите најчесто се базира на скинови што го подобруваат изгледот на ликот што го играте. 

 

Сепак ако се забележи целосната естетика на играта што следи Vampirе: The Masquerade – Bloodlines 2, не само што играта ќе има надградена графика туку толку е добро сработена што дијалозите карактеристични за ваков тип на игри дури заличуваат на интерактивен филм и несомнено иако излегува на сите главни уреди и компјутери и конзоли.

Во меѓувреме може да ја играте онлајн верзијата Vampirе: The Masquarade – Bloodhunt која ја спомнавме во воведот за која имаме и претходен напис на следниов линк на сосема основна гејмерска PC машина. Додека најновата верзија Vampirе The Masquerade: Bloodlines 2 излегува на 21 октомври.