Доколку не се зголеми минималната плата, ССМ најавува генерален штрајк

Доколку не се зголеми минималната плата, раководството на ССМ најавува генерален штрајк, а доколку не се зголемат платите на работниците, најавуваат протест

-

Членовите на највисоките тела на Сојузот на синдикати на Македонија пред Владата побараа повлекување на одлуката за зголемување на минималната плата за 1.800 денари и намалување на платите на избраните и именуваните лица на ниво на минимална плата. Од ССМ побараа да запрат и нападите врз синдикатите.

Доколку не се зголеми минималната плата, раководството на ССМ најавува генерален штрајк, а доколку не се зголемат платите на работниците, најавуваат протест.

Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски истакна дека за првпат е донесена одлука за зголемување на минималната плата без консултација на синдикатот.

„Првата Влада која смислено ја одзема репрезентативноста на ССМ само за да нема Економско-социјален совет. Прва Влада во историјата на Македонија која реши 129 илјади вработени во јавниот сектор кои зависат од минимална плата да ги остави да ги изедат газдите од приватниот сектор. Со 1.890 денари во управа и правосудство 58 отсто моментално се под просек. Не се плашиме, ниту ќе се плашиме. Ве чекаме да не викнете, ако не, сами ќе си дојдеме“, рече Деаноски пред Владата.

Претходно, раководството на ССМ пред Собранието побара од пратениците да изгласаат одлука за зголемување на минималната плата на 500 евра, а во спротивно да ги намалат нивните плати на ниво од минимална плата.

Членовите на највисоките тела на ССМ упатија и порака до работодавачите барајќи од нив да ги зголемат платите на работниците за да не бидат виновни за иселувањето на работничката сила.

Агенцијата за национална безбедност изврши претрес и одзеде оружје и мобилни уреди во Скопје

Агенцијата за национална безбедност (АНБ), во координација со Министерството за внатрешни работи (МВР), на 19 јули 2025 година спроведе претрес на домови и други простории на две локации во Скопје, по...

Лефков: Бугарски служби шират дезинформации против Мицкоски и Владата

Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, денеска обвини за постоење на „координирана операција за дискредитација“ насочена против Владата, премиерот Христијан Мицкоски и Република Македонија, наводно оркестрирана од...

Забраната за шетање во шуми не е дел од никаква агенда, туку се воведува поради превенирање на пожари

Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели: Ова мерките на Северна вукојебина за забрана за шетање по планините личи на агендата 2030 а народот овца не се буни. Забраната за шетање во шуми не е ништо...

Институционален молк, политичка калкулација и цената што жените ја плаќаат за учество во јавниот живот

Во  Македонија, од 80 општини, само две ги водат жени: Данела Арсовска во Скопје и Жаклина Јовановска во Старо Нагоричане. Тоа ја прави оваа ситуација уште позначајна. Нападот врз една од...

Агенцијата за национална безбедност изврши претрес и одзеде оружје и мобилни уреди во Скопје

Агенцијата за национална безбедност (АНБ), во координација со Министерството за внатрешни работи (МВР), на 19 јули 2025 година спроведе претрес на домови и други простории на две локации во...