fbpx

Дојран ќе добие парк за скијање на вода

-

Tуристичките содржини во Дојран ќе бидат збогатени со изградбата на првиот парк за скијање на вода во Македонија и со завршување на почнатата рекреативна патека помеѓу Нов и Стар Дојран. Освен очекуваните инвестиции во туризмот, по подолго време, оваа година во Дојран се најавени инвестиции и во индустријата што ќе донесат нови вработувања. За ова денеска на прес-конференција говореше градоначалникот на општината, Борче Стамов.

Стамов нагласи дека 2014 година за Дојран била една од најдинамичните години од основањето на Општината досега. Освен тоа што се врати на мапата на туристички дестинации, во 2014 година ќе се одбележи највисоката сума на вложени средства во инфраструктурни проекти, или вкупно 93 милиони денари, што претставува 2,5 пати повеќе од основниот буџет на Општината.

Тој најави дека и годинава ќе следат крупни инвестиции во инфраструктурни проекти, за што надвор од основниот буџет, обезбедени се околу 93 милиони денари за повеќе крупни проекти.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Гранатирани инфраструктурни објекти во Запорожје и Одеса

Руски проектили погодија индустриска инфраструктура во градот Запорожје, информира Регионалната воена управа на Запорожје, пренесува Укринформ. Утрово, руската армија лансираше балистичка ракета од привремено окупираниот Крим и врз инфраструктурен...