fbpx

„Дојче банк“ најави загуба од 6,7 милијарди евра

-

Најголемата германска „Дојче банк“ очекува годишна загуба од 6,7 милијарди евра, а лошите деловни резултати доаѓаат по забележаниот профит од 1,69 милијарди евра во 2015 година. Претставниците на банката наведуваат дека поголемите загуби од планираните настанале поради големите парнични трошоци.

Во првите четири месеци од годинава „Дојче банк“ очекува понатамошна нето-загуба од 2,1 милијарди евра, вклучувајќи и 1,2 милијарди евра за парнични трошоци. Во првиот квартал од минатата година, најголемата германска банка забележала приход од 441 милиони евра.

Загубите се удар за генералниот директор Џон Крајан, кој се обврза да ја подобри ликвидноста на банката по серијата погрешни потези.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дваесетина питомци и офицери од Воената академија пријавиле стомачни тегоби

Вчера утрината дваесет питомци и двајца офицери на Центарот за обука на питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ се пожалиле на мачнина проследена со повраќање, информираат од Министерството...