Дојави за бомби утрово добиле над 100 српски училишта

Учениците и вработените се евакуирани, а наставата во прва смена во овие училишта била прекината

-

Дојави за подметнати експлозивни направи утрово преку електронска пошта биле испратени до 78 основни и 37 средни училишта во Белград, објавија српските медиуми, повикувајќи се на соопштение на Министерството за образование на Србија.

Учениците и вработените се евакуирани, а наставата во прва смена во овие училишта била прекината до завршување на полициските проверки. Во некои училишта каде проверките се завршени, наставата се одвива без проблем, пренесе српската редакција на Би-би-си.

Во соопштението на српското Министерство за образование се додава дека во координација со Министерството за внатрешни работи, директорите на училиштата ќе добијат информации околу одлуката за попладневната смена.

Анонимните дојави за бомби не се реткост на Балканот. Периодов дојави имаше и во Бугарија и Црна Гора. Кај нас, пак, во тек е вештачењето во однос на дојавите што во периодот од октомври минатата година до март годинава ги имаше во основните и средните училишта, но и во други институции.

Дојавите за бомби во белградските училишта следуваат две недели по масовното убиство во основното училиште „Владислав Рибникар“, кога седмоодделенец уби десетмина – девет ученици и вработен во обезбедувањето на училиштето.

Кривична пријава за полицаец што возел пијан

Полицаец доби кривична пријава бидејќи возел пијан и довел во опасност и се заканувал на други учесници во сообраќајот. Министерството за внатрешни работи информираше дека до Основното јавно обвинителство Скопје е...

Македонските научници и истражувачи ќе работат со колегите од ЕУ

Македонските научници и истражувачи ќе добијат поголеми можности за вклучување во европските истражувачки мрежи, каде ќе можат да работат на проекти од области како енергетска безбедност, одржливи материјали за изградба на...

Годинешниот, јубилеен Егзит ќе биде последен во Србија

Фестивалот Егзит објави дека годинешното, јубилејно 25 издание ќе биде последно што ќе се одржи во Србија. Познатиот фестивал е закажан за 10 до 13 јули на Петроварадинската тврдина во Нови...

Средношколци од Битола, Виница и Скопје зборуваа за предзвици поврзани со менталното здравје

Средношколци од четири училишта во Битола, Виница и Скопје ги споделија своите проблеми и предизвици поврзани со менталното здравје. Над 100 ученици учествуваа во кампањата за ментално здравје на учениците „Твоја...

Кривична пријава за полицаец што возел пијан

Полицаец доби кривична пријава бидејќи возел пијан и довел во опасност и се заканувал на други учесници во сообраќајот. Министерството за внатрешни работи информираше дека до Основното јавно обвинителство...