fbpx

Дојави за бомби утринава испразнија 31 училиште во Скопје

Дојавите за бомби овојпат се случиле многу порано, уште на првиот час, во 8.30 утринава. Дел од родителите, само што ги оставија своите деца на училиште, мораа да се вратат да ги земат

-

На електронските адреси на 31 училиште во Скопје утринава е упатена закана за поставена експлозивна направа, информираа од Министерството за внатрешни работи.

Веднаш по добиените пријави, преземени се мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки.

Дојавите за бомби овојпат се случиле многу порано, уште на првиот час, во 8.30 утринава. Дел од родителите, само што ги оставија своите деца на училиште, мораа да се вратат да ги земат. Големи се реакциите на родителите на социјалните мрежи, кои велат дека секојдневните дојави за поставени бомби во училиштата сериозно го нарушуваат образовниот процес на децата.

Првите дојави за поставена експлозивна налрава стаса во пет гимназии во Скопје на 26 октомври минатата година.

Министерството за образование и наука испрати допис до училиштата за основно и за средно образование во државата, во кое наложуваат во деновите откако ќе стаса дојава, наставата да продолжи онлајн, наместо да се губат цели работни денови.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

На свадба пукал со автоматска пушка, го пренесувале на Фејсбук

СВР Велес - Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје поднел кривична пријава против Б.Д.(24) од селото Долно Јаболчиште во општина Чашка, поради постоење основи на сомнение за...