fbpx

Дојави за бомби испразнија 12 училишни згради, како и Транспортен центар, трговски центри и МРТВ

-

Околу 13.20 часот денеска во СВР Скопје било пријавено дека на електронските адреси на 12 средни училишта, како и на адресите на Македонската радио телевизија, Транспортниот центар, ГТЦ, Џевахир Сити, трговските центри Ист Гејт и на адресата на Сити мол, е упатена закана за поставена експлозивна направа, соопштија во Министерството за внатрешни работи. Објектите биле евакуирани и во моментов екипи вршат проверки.

„Веднаш по добиените пријави полициски службеници преземаа мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите“, велат оттаму.

Ова не е прв пат трговски центри да добијат дојава за поставена бомба. На 16 декември мејлови со дојави за поставени експлозивни направи стасаа до повеќе училишта, хотели, спортски објекти, како и до скопскиот аеродром.

Испраќачите на дојави се активираа повторно по почетокот на второто полугодие. Вчера дојава за бомба беше испратена во 33 училишта во Скопје. Она што беше различно овој пат во електронското писмо, е тоа што е потпишано од извесна „Бугарска револуција“.

Дојави за бомби во 33 скопски училишта ја прекинаа наставата во првата смена

 

Амбасадорот на Обединетото Кралство за почетокот на реализацијата на Меѓународната стратегија за жените и девојките 2023-2030 

Понекогаш се чини дека борбата за родова еднаквост станува сѐ потешка и потешка. Жените во Иран се малтретирани поради начинот на којшто се облекуваат, девојките во Авганистан се спречени...
Free Download WordPress Themes
Download Best WordPress Themes Free Download
Download Nulled WordPress Themes
Download Nulled WordPress Themes
online free course
download xiomi firmware
Free Download WordPress Themes
online free course