fbpx

Договор за соработка меѓу Хидробиолошкиот завод Охрид и јапонскиот Музеј на езерото Бива

-

Утре, во 11 часот, Хидробиолошкиот завод од Охрид и Музејот на езерото Бива од Јапонија, и формално ќе го потпишат договорот за соработка меѓу двете научни институции.

Договорот ќе го потпишат директорот на Хидробиолошкиот завод, д-р Елизабета Велјаноска-Сарафилоска, и директорот на Музејот на езерото Бива, д-р Тори Шинохара.

– Потпишувањето на договорот за соработка е уште еден чекор напред во зајакнувањето на македонско-јапонската билатерална соработка во научната област, со кој се овозможува размена на научни искуства и заеднички проекти меѓу двете институции – велат од заводот.

Охридското Езеро припаѓа меѓу најстарите и најголеми езера во Европа, а езерото Бива е најголемото слатководно езеро во Јапонија.

Во состав на Музејот на езерото Бива има научно-истражувачки центар, така што е предвидено соработката да се одвива на две нивоа, научно-истражувачка и музејска.

Во делот на научно-истражувачката соработка ќе се вршат заеднички испитувања на ретки ендемски видови и старост на езерата, додека во делот на музејската соработка предвидено е претставување на Охридското Езеро во Музејот на езерото Бива. За таа цел, во постојаната поставка во Музејот на езерото Бива ќе бидат изложени фотографии, историски артефакти или реплики поврзани со животот на охриѓани, како чунови, јадици, мрежи и други историски предмети поврзани со Охридското Езеро.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...