fbpx

Догодина реконструкција на автопатот кај Хиподром, Миладиновци и Петровец

-

Јавното претпријатие за државни патишта догодина планира да ги реконструира автопатските делници Хиподром – Миладиновци, Миладиновци – Петровец и Петровец – Хиподром. Автопатските влезови во Скопје од исток се со вкупна должина од 28 километри, а за нивната реконструкција се обезбедени средства со заем од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).

– Очекуваме во септември/октомври распишување на тендер за изградба и во текот на 2020 година комплетирање на сите градежни работи – велат за „Мета.мк“ од ЈП за државни патишта.

Проектантското биро „Простор“ од Куманово во моментов работи на проектната документација за планираната реконструкција на трите делници, за што се одвоени средства во висина од над 9,2 милиони денари.

Коловозот на трите автопатски делници на влезот во Скопје е во лоша состојба. Покрај брановиден асфалт, на дел од коловозот има дупки, што го отежнува одвивањето на сообраќајот. Истовремено, овие три делници од патните Коридори 8 и 10 имаат висока фреквенција на возила, при што делницата Петровец – Хиподром во 2017 година била најфреквентен патен правец во земјава со измерен просечен годишен дневен сообраќај од 16.099 возила.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...