fbpx

Доделени првите бесплатни елаборати за легализација на дивоградби

-

Првите бесплатни елаборати за легализација на дивоградби за социјално-необезбедените лица и за примателите на постојана парична помош, кои ги направи катастарот, беа доделени денеска.

– Од денеска почнуваме со дистрибуција на сите подготвени елаборати. Катастарот по службена должност ќе ги достави до општините. На 400 семејства ќе им овозможиме целосна бесплатна легализација на објектите. Во моментов се доставени нешто повеќе од 1.100 барања, а подготвени се 400 елаборати – изјави министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

Околу 20.000 лица од ранливите категории поднеле барања за изработка на бесплатен елаборат.

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, нагласи дека сите приматели на социјална и на постојана парична помош кои сакаат бесплатно да го легализираат објектот во којшто живеат, мможат да достават барање до Агенцијата за катастар на недвижности.

Процесот на легализација на дивоградбите завршува на крајот од идната година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Македонија гласа: Седми претседателски избори со седуммина кандидати

Денеска се одржуваат седмите претседателски избори во Република Северна Македонија, а за функцијата Претседател на РСМ се натпреваруваат седум кандидати. Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот...