fbpx

Доделени повеќе од 1,1 милиони швајцарски франци за проекти од осумте плански региони

-

Со буџет од над 1,1 милион швајцарски франци ќе бидат реализирани шеснаесет проекти од осумте плански региони во државата. Избраните проекти кои се финансираат се во насока на развој на планските региони и се дел од проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, кој го имплементираат Министерството за локална самоуправа и кабинетот на вицепремиерот задолжен за економски прашања и координација на економски ресори, а со поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка.

Овие средства се една, од трите компоненти на проектот „Одржлив и инклузивен рамнорен регионален развој“, во вкупна вредност од над пет милиони швајцарски франци.

„Не е тајна дека осумте плански региони во нашата држава не се подеднакво развиени. Најмалку развиен е североисточниот плански регион, додека најразвиен е скопскиот и во таа смисла, и средствата што се одделени во буџетот, се распоредени обратно-пропорционални. Најмногу средства се доделени за градба во помалку развиените региони, додека најмалку средства се алоцирани во скопскиот плански регион, со цел да направиме рамномерен развој на целата држава“, рече Анѓушев.

Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу рече дека со финансиска поддршка од Програмата за рамномерен регионален развој на Министерството за локална самоуправа, во моментов во осумте плански региони веќе се реализираат 43 проекти, од кои 38 инфраструктурни и пет за подготовка на техничка документација.

„До крајот на годината ќе се реализираат и проектите за развој на селата и на подрачјата за специфични развојни потреби, сите во вкупна вредност од околу седум милиони евра,“ додаде тој.

Реализацијата на сите одбрани проекти треба да заврши до декември 2020 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Фотографија од човек во воз не го прикажува Пригожин, ниту пак, докажува дека тој е жив

Иако човекот на фотографијата наликува на шефот на Вагнер, сепак на фотографијата има детаљ кој покажува дека не се работи за него. Како што пишува Њузвик, ушите на Пригожин се поинакви...