fbpx

Доделени пакети за нега на оперираните жени од рак на дојка на Торакална

-

По повод Светскиот ден за борба против ракот, Здружението за иницијативи за развој во здравството, подобрување на здравствените сервиси и застапување на пациенти – ЕЗРА, им додели пакети за нега на новооперираните жени на Универзитетската клиника за торакална хирургија. Пакетите се специјално дизајнирани по насоките на жени кои веќе го поминале овој пат и кои содржат многу корисни реквизити, помошни суплементи и помагала, како градник и специјална надворешна протеза за пост мастектомија.

Како што информираат во Здружението, на располагање на пациентките им е и личен асистент, поради потребите и прашањата кои ги имаат жените оперирани од рак на дојка.

„Пред две години СЗО објави дека ракот на дојка го надмина ракот на белите дробови како најчеста форма на болеста. Кај жените, ракот на дојка е најчесто дијагностициран карцином и водечка причина за смрт од рак ширум светот. Во Македонија има значително зголемување на новозаболени во помлади години, односно има 168 пациентки кои се од 20 до 45 годишна возраст“, наведено е во соопштението од здружението.

Директорот на Универзитетската Клиника за торакална хирургија, д-р Неџати Јакупи, истакна дека е важно да се води постојана грижа за подобрување на условите за лекување и рехабилитација на пациентите.

Извршната директорка на ЕЗРА, Лиридона Лимани, кажа дека владите, заедниците, работодавачите и медиумите имаат улога да се справат со сфаќањата за ракот, за
да се создаде култура кај населението, во кое има луѓе што живеат со рак, да не се соочуваат со дискриминација на работното место, во здравствениот систем или во општеството.

Амбасадорот на Обединетото Кралство за почетокот на реализацијата на Меѓународната стратегија за жените и девојките 2023-2030 

Понекогаш се чини дека борбата за родова еднаквост станува сѐ потешка и потешка. Жените во Иран се малтретирани поради начинот на којшто се облекуваат, девојките во Авганистан се спречени...
Free Download WordPress Themes
Premium WordPress Themes Download
Download WordPress Themes Free
Download Best WordPress Themes Free Download
udemy course download free
download karbonn firmware
Download WordPress Themes
free download udemy course