fbpx

Доделени наградите на најдобрите трговски објекти

-

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска им додели признание во форма на плакета на најдобрите трговски објекти во седум категории, избрани на манифестација „Месец на трговијата“, проект што Градот во соработка со Агенцијата „СВАТ ресрч“ (SWAT Research) го реализира во периодот на ноември 2014 година.

Истражувањето се спроведува по пат на т.н. mystery shopping, а тајните купувачи по направената евалуација подготвија извештаи кои се изработени по одредените критериуми, како што се: изгледот и пристапот до објектот, снабденост со стока, аранжирање на просторот, услуга на персоналот, помош при изборот на производот, хигиена пред и во објектот, начин на плаќање, начин на истакнување на цените на производите, состојба на опремата и на униформите.

Во рамки на проектот се спроведуваат вкупно 1.000 посети на тајните купувачи и тоа по три посети на еден објект, во сите седум категории трговски објекти, а годинешни добитници по категории се:

Супермаркети:

  1. Тинекс
  2. Нова маркет
  3. Рамстор

Салони за мебел и канцелариска опрема:

  1. Шипад мебел
  2. Лектус груп
  3. Ников мебел

Парфимерии и козметика:

  1. Бјути поинт
  2. Еликсир екслузив
  3. Локатин

Бутици:

  1. Спрингфилд
  2. Венис
  3. Атила

Апарати за домаќинство, бела техника и се за дома:

  1. Нептун
  2. Агротехна
  3. Елипсо

Компјутерска, аудио-видео и телекомуникациска опрема:

  1. Сони галерија
  2. Нико компјутери
  3. Анхоч пи си маркет

Модни додатоци и накит:

  1. Сигма
  2.  Оксет
  3.  Божиновски

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.