Доделени наградите на Берлинскиот меѓународен филмски фестивал „Берлинале 2022“

Фото: „Берлинале“, berlinale.de

Три дена кон крајот на завршувањето на годишното 72-ро издание на Берлинскиот меѓународен фестивал, попознат како „Берлинале“ организаторите ги соопштија филмовите и филмските работници кои оваа година се закитија со награда на престижниот и голем филмски фестивал.

Наградите на Берлинале се поделени во девет главни категории секоја со различна жири комисија.

Во првата главна категорија, односно „Awards Competition“ наградата „Златна мечка за најдобар филм“ припадна на шпанско-италијанската драма „Alcarras“ на шпанската режисерка Карла Симон.

Во категоријата „Awards Encounter“, за најдобар филм е прогласен „Mutzenbacher“ со својата предизвикувачка содржина базирана на текст напишан во 1906 година, во режија на Рут Бекермен. А, за најдобар режисер е швеѓанецот Кирил Шоблин за својот филм „Unrueh“.

За најдобар меѓународен краток филм „Златна мечка“ доби „Trap“ каде се опишува животот на двајца млади кои живеат под притисок во општеството што често умее да е контролирано и угентувачко за младите.

Категоријата во која се натпреваруваат млади креатори со свои филмови почнувајќи од 14 години па натаму, „Generation Section“, со главната награда или „Кристална мечка“ се здоби „Alis“ што го одговара прашањето „Како да се справам со своето минато без да се распаднам целосно?“ за сите оние кои имаат тешко детство и успеваат да изградат подобар живот понатаму.

Од 2006 година на фестивалот се воведува наградата за поддршка на идните филмски креатори при што го оддава признанието за најдобар прв долгометражен филм. Со цел да се даде вредност за првиот чекор во постанувањето на филмски режисер и филмски продуцент, наградата се дели меѓу двајцата креатори на еден филм. Оваа година таа припадна кај Курдвин Ајуб (режија) и Улрих Зајдл (продукција) за нивниот филм „Sonne“.

Наградата за најдобар документарен филм ја доби „Myanmar Diaries“ креиран од „The Myanmar Film Collective“ и Корин ван Егерат.

Признанието „Почесно мече“ беше доделено на француската филмска и театарска актерка Изабел Хуперт за животно достигнување во областа на глумата. Во описот за наградата жирито вели: „Луѓето мислат дека додека се снима режисерот е оној кој им помага на актерите правилно да ја одиграат улогата. Изабел му помага на режисерот да го сними филмот.“

Во осмата категорија, за најдобра камера, оваа година од организацијата одлучија да не се додели награда. Годинава, тие ја посветија нагарадата на сите претходни добитници, соработници и учесници во фестивалот. Сите помали награди од деветатта категорија може да се погледнат тука.

Во склоп на „Берлинале“ е и развојната програма „Берлинале Таленти“ во која имаат шанса да учествуваат одредени филмски соработници, креатори и уметници кои во текот на програмата што вообичаено трае пет денови се вклучени во разни дискусии кои ја засегаат филмската дејност. Целта на програмата е зближување на луѓе кои се припадници на оваа дејност, а притоа живеат во различни краеви од светот и имаат шанса да си разменуваат совети, мислења и идеи.

Оваа година, претставници и учесници од Македонија на програмата беа, режисерката Марија Апчевска, режисерот и актер Ханис Багашов и филмската и театарска актерка Наталија Теодосиева.