Додека ВМРО-ДПМНЕ блокира автопати и магистрални патишта, МВР потсетуваат дека тоа е забрането со закон

-

ВМРО-ДПМНЕ и Левица денеска ги продолжија протестите преку блокади на сообраќајот на четири локации низ земјава. Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираат дека блокирањето на автопати и магистрални патишта е забрането со закон, иако тоа опозицијата денеска го направи на магистралните патишта Градско-Прилеп кај Плетвар, Штип-Радовиш и Велес-Штип.

Од МВР известуваат дека денеска во архивата на МВР е примен акт со кој политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, како организатор на протест, известува дека ќе организира блокади, со наведени маршрути и посочува лице за контакт со организаторот, што е дел од обврските на организаторот предвидени во член 3 од Законот за јавни собири.

Денешната блокада на ВМРО-ДПМНЕ пред зградата на Владата во Скопје | Фото: Мета.мк

„Истиот член предвидува во известувањето да бидат дадени и податоци и за „мерките што организаторот ги презел во врска со непречено организирање и одвивање на јавниот собир и податоците за организирање на редарската служба“. За таа цел, Министерството за внатрешни работи изрази иницијатива за работна средба со контакт лицето наведено во актот, кое не одговори на поканата, ниту обезбеди своја замена или друг претставник во име на организаторот“, се наведува во соопштението на МВР.

Од МВР потсетуваат на правата и должностите кои ги предвидува Законот за јавните собири, во кој се наведува дека протест може да се одржува на секое место, освен до здравствени установи, на начин кој го оневозможува пристапот на возила на брза помош и го нарушува мирот на болните, до детски градинки и училишта додека децата престојуваат во нив и на автопатишта

Денешната блокада на ВМРО-ДПМНЕ пред мостот „Гоце Делчев“ во Скопје | Фото: Мета.мк

и магистрални патишта, на начин со кој се загрозува патниот сообраќај.

Од МВР додаваат дека организаторот на јавниот собир е должен да го обезбеди редот на јавниот собир и да организираат редарска служба, а доколку организаторот на протестот побара, тогаш МВР може да гo обезбеди редот на јавниот собир, но трошоците за тоа ги обезбедува организаторот.

„Организаторот е должен да го прекине одржувањето на јавниот собир, ако дојде до загрозување на животот и здравјето, безбедноста и личната сигурност на луѓето и имотот. Во случаите од став 3 на овој член, организаторот е должен веднаш да го извести Министерството за внатрешни работи“, велат од МВР.

Од полицијата потсетуваат дека МВР може да го прекине одржувањето на јавен собир  во случај на загрозување на животот, здравјето, безбедноста, личната сигурност и имотот на граѓаните; вршење или поттикнување на вршење кривични дела утврдени со закон; загрозување на животната средина или ако неговото одржување е во спротивност со меѓународните договори со кои е предвидена обврска за непречено одвивање на сообраќајот.

Денешната блокада на ВМРО-ДПМНЕ пред зградата на Владата во Скопје | Фото: Мета.мк

Покрај тоа што за блокадите на патиштата пристигна поддршка и повик за учество од партијата Левица, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки на денешната блокада ја повика власта да го одбие европскиот предлог за почеток на преговорите со ЕУ.

„Денеска почнуваме со блокади на неколку места низ Република Македонија. Народот јасно ја повикува владата и државното раководство да каже НЕ на ултиматумот. Власта да не се обидува преку обиди во Парламентот да протурка нешто, каде што имаат гласачка машинерија од група на пратеници за кои што знаеме дека ќе гласаат во склад со нивните барања“, изјави пратеникот Ковачки.

Светските лидери му ја честитаа победата на Доналд Трамп

Светските лидери му ја честитаа победата на идниот претседател Доналд Трамп по победата на претседателските избори во САД, кој наскоро ќе се врати во Белата куќа по четири години. Претседателот...