fbpx

Додатокот за децата со пречки во развојот се зголеми за 25 проценти

-

Посебниот додаток за децата со пречки во развојот од материјално необезбедените семејства се зголеми за 25 проценти, а мерката опфаќа 1.030 родители на овие деца.

Ова денеска го истакна министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, на работната средба со претставници на Националниот сојуз на слепи лица, Националниот сојузот на лица со телесен инвалидитет и претставници на Националниот сојуз на глуви и наглуви лица.

За реализација на ова зголемување, обезбедни се средства во износ од 18,5 милиони денари, за период од една година.

Сите родители на деца со пречки во развојот кои се во потешка материјална состојба, во наредниот период ќе добиваат зголемен паричен надомест за 25 проценти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изложба „Уметници и бегалци“ во Чифте Амам

Изложбата „Уметници и бегалци“ ќе се отвори во вторник (2 aприл) во Националната галерија Чифте Амам во скопската чаршија. Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва кои биле директно раскажани...