Доцни испораката на инсулин и антидијабетска терапија

Претседателотна Сојузот на здруженија на дијабетичари, Диме Велев, за Мета.мк вели дека во моментов со овој проблем се засегнати околу 2.000 дијабетичари

-

Доцни испораката на инсулини и антидијабетична терапија по инсулинските аптеки, објави Сојузот на здруженија на дијабетичари и побара итно Министерството за здравство и Владата да им ја обезбедат терапијата.

Претседателотна Сојузот, Диме Велев, за Мета.мк вели дека во моментов со овој проблем се засегнати околу 2.000 дијабетичари.

„Минатата недела со проблемот бевме засегнати околу 400-500 пациенти, а сега веќе сме 2.000. Имаме резерви и ние си ги делиме меѓусебно, си помагаме, но тие резерви се трошат. Затоа бараме надлежните веднаш да започнат испораката на лековите во болничките аптеки“, вели Велев.

Сега, се случува, како што појаснува тој, пациентот да оди по инсулин препишан од ендокринолог, а во аптеката да му биде понудена замена од друг инсулин, а не тој кој е препишан од лекар специјалист. Тој вели дека им било ветено дека од понеделникот ќе започне нова дистрибуција на терапија, но до овој момент, таа не е испорачана и е недостапна за пациентите.

„Упатуваме јавен апел до Министерство за здравство и до Владата, да се започне со испорака на сите инсулини и антидијабетична терапија по инсулинските аптеки во целост, согласно потребите и бројот на постоечки пациенти. Апелираме до инсулинските аптеки да не нудат замена на терапија, која исклучиво треба да биде препишана од страна на ендокринолог. Апелираме до нашите членови да си помагаме со позајмици на онаа терапија која ни фали без да прифатиме нејзина административна промена во аптеките. Апелираме до сите засегнати страни да се изнајде начин за испорака на потребната терапија без било какви администартивни решенија или поточно нерешенија кои ќе ја нарушат нашата контрола на шеќерот, а со тоа ќе се наружи и нашето здравје“, наведено е во јавниот апел испратен до медиумите.

Мета се обрати во Министерството за здравство со прашања во врска со овој проблем, но оттаму до објава на овој текст нема одгвор.

Вртоглавица, замор и повраќање се симптоми на топлотен удар, ИЈЗ со препораки за работниците

Поради најава од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за очекувани повисоки максимални дневни температури од 24 до 27 јуни, Институтот за јавно здравје повикува на почитување на мерките на заштита на...

Го удирале со клоци и тупаници, а потоа со камен го удриле по главата – Истрага за насилство во Батинци

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица – татко и син, осомничени за кривично дело Насилство од член 386 став 6 во врска со став...

Ученици со просек 5,00 денеска полагаа квалификациско тестирање во „Георги Димитров“ и во „Д-р Панче Караѓозов“

Ученици со просек 5,00 кои се пријавиле за упис во училиштата „Георги Димитров“ (гимназиско образование), „Д-р Панче Караѓозов“ (медицинска сестра и забен техничар на албански наставен јазик), како и во училиштето...

Врховниот лидер на Иран бара поголема помош од Русија која ќе ја искористи против САД

Врховниот лидер на Иран го испрати својот министер за надворешни работи во Москва за да побара од претседателот Владимир Путин поголема помош од Русија по најголемата воена акција на САД против...

Вртоглавица, замор и повраќање се симптоми на топлотен удар, ИЈЗ со препораки за работниците

Поради најава од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за очекувани повисоки максимални дневни температури од 24 до 27 јуни, Институтот за јавно здравје повикува на почитување на мерките на...