fbpx

Дочекана Новата 2017 година, на некои од плоштадите прославата беше откажана

-

Дочекот на Новата 2017 година беше прославен и низ градовите во земјава, но некои од нив, организираните прослави на градските плоштади ги откажаа поради пренамена на средствата во хуманитарни цели.

Во Велес, Скопје, Кавадарци, Битола, Берово организираниот дочек на Нова година беше откажан бидејќи парите наменети за прославата, градоначалниците решија да ги донираат за социјално загрозени граѓани.

Иницијативата почна во Србија, а под влијание на апелите на македонските твитерџии на социјалните мрежи, ваквата практика за пренамена на средствата се примени и кај некои од нашите општини.

Во Скопје, организиран дочек на Нова година имаше на Сквер Јадран, каде што граѓаните ги забавуваа Јура Стублиќ и „Филм“.

Во Охрид, кој е преполн со туристи за новогодишните празници, на плоштадот „Св. Климент Охридски“ пееја Елена Велевска и Ѓоко Таневски.

Организиран дочек за Нова година имаше и на градскиот плоштад во Прилеп.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...