Игрите од кинеско производство кои се мешавина од „Souls Like“ и „RPG“ игри во последниве неколку години почнаа да го освојуваат и западниот пазар во гејминг индустријата. Насловот „Where Winds Meet“ штотуку освои прво место за најдобра игра за мобилни на гејмерскиот настан со награди „Gamescom 2026“ достигнувајќи бројка од 100 милиони играчи ширум светот.

За самата игра имаме повеќе написи што може да ги прочитате тука

@rok24h99

Congratulations to Where Winds Meet for winning Best Mobile Game 2026! #wherewindsmeet #wwmccps10 #wwmhiddenmountain #wwmNewera #GamescomAward #Bestmobilegame2026

♬ son original – ROK – ROK

 

Успехот на Black Myth: Wukong беше меѓу првите нови бранови пробивања на општо азиски игри посебно и како дел од доменот на „Hero Project China“ на фирмата „Sony“, кои ги реактуелизираат ваквите игри и брановите на успех што ги имаше „Darksouls“ серијалот, супер балансираната игра „Sekiro“ и многу други наслови како „Nioh“ серијалот со застапени и јапонски продукции.

Black Myth oчигледно ќе биде серијал со многу ликови од кои следен во серијалот е ликот „Zhong Kui“ кој е сколар со одвратен изглед и истовремено ловец на демони -игра во развој за која може да се прочита повеќе на следниот линк

Овојпат кинеските игри навалуваат со нови наслови во најава од истиот проект каде „Вуксија приказните“ -кои се јуначки приказни од кинеската традиција и сосема свој книжевен жарн што се однесува до литературата и исторски произведената и „новопечените“ верзии, каде првично се работи за машки херои, но во игрите и новата литература протагонисти се и ликови кои се млади жени.

Додека „Where Winds Meet“ премина и преку сите други табуа на различности имплементирани во приказни особено што се однесува  за развивање на женските ликови, каде конзервативниот пристап е пробиен со пошироки сфаќања. Јутуберката „Goosegirl“ доста добро го анализира тој аспект на женски главни ликови во следното видео објаснување: 

 

Меѓутоа нивото на продукција, дизајн на нивоа и непријатели, графички приказ, слеани движења и сè друго се манифестира со таков квалитет којшто не само што неможе да се игнорира туку веќе почна драстично да биде почитуван од гејмерите ширум светот и да станува препознатлив сетинг за нови Кинески видеоигри. Во овој напис ќе ги разгледаме најновите најавени наслови кои од старт претендираат за следни светски хит игри од кинеско производство. 

Бидејќи се работи за широк дијапазон на игри, во овој напис ќе може да прочитате за неколку главни наслови во најава кои привлекоа доста големо внимание, но секако ќе бидат спомнати и други азиски наслови вклучително и оние во јапонски продукции кои вреди да се споменат, сосе линкови за првичните најави со коментари и анализи. 

 „Nodus Fall“ 

 

Ова е најнов наслов најавен и направен од девелоперите на „Genshin Impact“ и „Honkai: Star Rail“ -студиото наречено „miHoYo“ каде „Nodus Fall“ е игра што е комбинација од естетиката и квалитетот на „Елден Ринг“ што е многу посериозен пристап од претходните нивни игри. Оваа игра функционира како серијалот „Monster Hunter Wild“ којшто е платежен, а се очекува „Nodus Fall“ да биде бесплатна игра која ќе може да се игра и со пријатели онлајн. Графичкиот дизајн на ликовите и околините, а особено на непријателските џиновски чудовишта  се навистина впечатливи и се очекува оваа игра да бара достоен хардвер за играње на компјутер. 

Истото студио „miHoYo“ под глобална покриеност на „HoYoverse“ e познато по тоа што примарната цел е да се направи игра -која што ќе има ефект на „играње внатре во аниме“ -анимиран јапонски цртан филм. Тоа се обидоа да го направат со години, иако најблиску до тој ефект е играта „Silver Palace“ од други девелопери наречени „Silver Studio“. За оваа игра излезе и најнов трејлер на настанот „Gamescom 2026“ што може да го погледнете во продолжение: 

„Silver Palace“

 

За „Silver Palace“ имаме и претходен напис при првата најава на играта што може да го прочитате тука. Но добар пример за позната аниме игра во овој стил е „Ananta“ за која може да прочитате овде. Иако „Silver Palace“ е со стимпанк сетинг, а „Ananta“ е помодерна и не спаѓаат во „Вуксија“ жанрот -сепак се од Кинеско производство. А попопуларните игри моментално во аниме жанрот за кои може да прочитате повеќе ако ги кликнете насловите се хитот „Wuthering Waves“ која е воедно и бесплатна онлајн игра и „Grandblue Fantasy: Relinк“ која има екстензивно Демо на Steam.  

Новиот трејлер за римејкот на „Crimson Desert“ која е хит игра од неодамна од девелоперите на „Black Desert Оnline“ -студиото „Pearl Abyss“  открива дека приказната е исто така подобрена како и графичкиот приказ на играта во која исто така многу аспекти се исполирани и подобрени, некои од самите девелопери а некои и на барање на играчите за симплификација на комплицираноста на играта што го пролонгира секое комплетирање ланци на задачи. 

„Crimson Desert Remake“

 

За оваа игра имаме и претходен написи каде е темелно претставена што може да го прочитате овде, а ако сакате да дознаете повеќе за сендбокс ММО-то „Black Desert Online“ (BDO) која уште држи прво место за кустумизација на креирање на карактери дел од играта за што има и посебни светски натпревари за естетика и стил, целосно е покриена со повеќе написи на следниот линк

Што се однесува до други наслови што вреди да се спомнат во овој контекст сепак најважната игра која е во изработка со тон на сериозност e „Phantom Blade Zero“ која е најдолго очекувана од гејмерите за која имаме најнови вести што може да ги прочитате овде

Но и покрај новите различни трејлери всушност играта што се очекува да биде нов глобален хит, графички ги надминува сите други игри од овој тип и содржи “најреалистичен комбат“ е играта „Blood Message“ за која може да прочитате тука. Насетувајќи го потенцијалот за следниот голем светски успех на оваа игра гејминг сајтот „IGN“ уште пред два месеци направи и репортажа со девелоперите на играта:

Други азиски игри за кои веќе имаме пишувано означени со линкови до написите што вреди да се спомнат се: „Onimusha“ која има и бесплатно демо, „Wuchang Fallen Feathers“ која е веќе излезена, „Tides of Annihilation“ за која имаме претходен напис и играта „Genigods: Nezha“ која е кинески еквивалент на „God of War“ за која може да прочитате овде, а и на „Gamescom 2026“ излезе и најнов трејлер:

Сè на сè се очекува игрите од кинеско производство и општо азиските видеоигри да бидат многу успешни и играни и во иднина -со целиот горенаведен колаж на високо квалитетно изработени видеоигри.