Рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2025/2026 година трае од 1 до 5 ноември.

Правото на субвенциониран студентски оброк можат да го користат сите редовни студенти на додипломски студии кои имаат месечен приход помал од минималната нето плата, но и студентите запишани на постдипломски студии и на интегрирани студии на државните и приватните универзитети во државата.

„Студентите кои ги исполнуваат условите, а не аплицирале досега, можат да поднесат апликација, електронски на овој линк. Условите и критериумите за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк се достапни на овој линк. Ако ви е потребна поддршка при аплицирањето, контактирајте преку е-пошта на [email protected]“, соопштуваат во Министерството за образование и наука (МОН).

Студентите на кои им било прекинато правото на субвенциониран оброк, а сметаат дека ги исполнуваат условите, можат повторно да аплицираат. Овој повик исто така важи и е отворен и за студентите кои не аплицирале во претходните активни рокови.