До денеска е бесплатна играта „Dying Light“ со зомби апокалипса

Dying Light 1 скриншот од трејлерот за играта на Epic Games

Играта Dying Light една од најдобрите и најпопуларните игри  со „зомби апокалипса” е бесплатна на Epic Games до 13 април (четврток). Се работи за квалитетна игра со експлицитни сцени на „Blood And Gore”. Оваа игра е позната и по тоа што има паркур скокања и движења што го прават текот на играта многу подинамичен и со слеана акција. Играта е за возрасни лица, односно има ознака 18+. Во моментов, има бесплатна промоција на првиот дел од играта, која своевремено беше вистински хит за јутуберите.

Игра може да делува страшно на моменти, посебно ако ја играте „соло”. Има и мултиплејер опција, па може да ја играте и со пријатели што го имаат оригиналот. 

Dying Light  1 и 2  игрите ги имаме спомнато и накратко опишано во неколку написи досега. Изобилуваат со многу акција, но исто така има и приказна, дека наводно поради зомби апокалипсата настаната поради вирус има хорди на зомбија што можете да ги убивате на различни начини. Атмосферата на играта е слична на филмовите „Маd Max“ и има многу сличности и со „The Last of Us“ играта и серијалот.

Играта чини 30 евра, но ова е одлична шанса да се земе бесплатно. Ја добивате верзијата од првата игра наречена „Dying Light Enhanced Edition“, која изгледа супер од графички аспект. Има уште две верзии од овие игри кои моментално се на голем попуст – „Dying Light Definitive Edition“ е на 80 отсто намаление и наместо регуларната цена од 50 евра, сега чини 10 евра. „Dying Light 2 + Brecken + Rais Bundles“ наместо 60 евра, чини околу 33 евра.

„Dying Light Enhanced Edition“ доаѓа со 78 ачивменти на „Epic Games“ за сите „ловци на ачивменти” што сакаат да направат 100 отсто завршување на играта и тоа да им стои како достигнување.