До 2021 година ќе се модернизира патната врска кон Бугарија

Проценките се дека целосната санација на постојниот пат и изградбата на нова делница на дел од оваа траса ќе доведе до намалување на времето на патување меѓу Скопје и Софија, како и зголемување на обемот на сообраќај на патниот Коридор 8

-

Со подобрувањето на билатералните односи меѓу Македонија и Бугарија, македонските власти активно работат и на подобрување на патната врска меѓу двете земји. Јавното претпријатие за државни патишта во моментов го реконструира патот од Ранковце до Крива Паланка, чија должина е 21 километар. Оваа делница од патниот Коридор 8 ќе биде целосно санирана до крајот на годинава, за што се издвоени 2,6 милиони евра.

Од ЈП за државни патишта за „Мета.мк“ велат дека следна за реконструкција е делницата од Куманово до Ранковце со должина од 31,8 километри. Проектната документација за овој пат е изработена и очекувањето е тендерот да се распише овој или следниот месец.

– Реализацијата на овој проект би започнала кон крајот на 2019 година и би завршила во текот на 2020 година – посочуваат од ЈП за државни патишта.

Заедно со реконструкцијата на оштетениот коловоз на постојниот пат кон Бугарија, државата инвестира и во изградба на нов експресен пат меѓу Ранковце и Крива Паланка. Новиот пат ќе биде долг 23 километри, а планирано е да се заврши кон средината на 2021 година.

Претстојниве месеци ќе отпочне реконструкцијата и проширувањето и на последната делница од Крива Паланка до граничниот премин Деве Баир. Проширувањето на патот со трета коловозна лента долж целата траса од 13 километри треба да се заврши во втората половина на 2021 година. Средствата за овој градежен зафат веќе се обезбедени преку Европската банка за обнова и развој.

Паралелната работа на четири градежни зафати истовремено треба да резултира со значајно подобрување на патната поврзаност меѓу Македонија и Бугарија во периодот до 2021 година. Проценките се дека целосната санација на постојниот пат и изградбата на нова делница на дел од оваа траса ќе доведе до намалување на времето на патување меѓу Скопје и Софија, како и до зголемување на обемот на сообраќај на патниот Коридор 8.

Европскиот парламент размислува за целосна забрана за лобисти поврзани со Амазон

Европскиот парламент разгледува можност да ја прошири забраната за лобирање што веќе ја има воведено за лобистите на Амазон, така што ќе ги опфати и сите лобистички групи и организации кои...

Трамп посредува за спас на крипто-законите во САД по застојот во Конгресот

Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот интервенираше за да постигне договор меѓу републиканските конгресмени по застојот во Претставничкиот дом што го доведе во прашање усвојувањето на долгоочекуваната крипто-законска рамка, регулатива што...

Куќниот притвор заменет со притвор за осомничениот за нападот врз Арсовска

Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по жалба на Основното јавно обвинителство Скопје поднесена против решение на судија на претходна постапка од 12.07.2025 година, ценејќи ги наводите во жалбата...

Лекар од Струга со истечена лиценца, 4 години земал плата и додатоци

Четириесет и две годишен лекар од Струга, четири години земал плата и додатоци на плата, иако немал валидна лекарска лиценца, соопшти МВР. „Во периодот од 15 јули 2020 година, од кога му...

Европскиот парламент размислува за целосна забрана за лобисти поврзани со Амазон

Европскиот парламент разгледува можност да ја прошири забраната за лобирање што веќе ја има воведено за лобистите на Амазон, така што ќе ги опфати и сите лобистички групи и...