„Дневник“ згасна, денешниот е последниот број

-

„Дневник“, првиот приватен дневен весник во Македонија што опстоја со децении на пазарот, денеска го испечати последниот број. Весникот излегуваше од 20 март 1996 година.

Од утре весникот нема да се печати, а на вработените ќе им биде исплатена плата за мај во следните 20 дена, кога ќе бидат на одмор.

Ова од менаџментот денеска им го соопштиле на околу 60 вработени во „Дневник“, со образложение дека фирмата не успеала да обезбеди кредит, неопходен за функционирање на весникот и за исплатата на обврските.

Пред еден и пол месец престанаа да излегуваат и дневните весници „Утрински весник“ и „Вест“, кои ги издаваше фирмата „Медиа принт Македонија“, заедно со „Дневник“.

Во „Дневник“ во изминатите 21 година продефилираа и се искалија видни новинарски имиња.

Куќниот притвор заменет со притвор за осомничениот за нападот врз Арсовска

Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по жалба на Основното јавно обвинителство Скопје поднесена против решение на судија на претходна постапка од 12.07.2025 година, ценејќи ги наводите во жалбата...

Лекар од Струга со истечена лиценца, 4 години земал плата и додатоци

Четириесет и две годишен лекар од Струга, четири години земал плата и додатоци на плата, иако немал валидна лекарска лиценца, соопшти МВР. „Во периодот од 15 јули 2020 година, од кога му...

„Сапорт Кочани“ ја реализираше донацијата за Универзитетската клиника за пластична хирургија во Скопје

Граѓанската иницијатива „Сапорт Кочани“ донираше медицинска опрема за третман и рехабилитација на повредените од трагичниот настан што се случи на 16 март 2025 година во кабаре клубот „Пулс“ во Кочани. Донацијата...

Започна електронското пријавување за сместување во студентски домови за 2025/2026

Од денеска, студентите од втора и повисоките години можат електронски да аплицираат за сместување во државните и приватните студентски домови за академската 2025/2026 година. Како што информира Министерството за образование и...

Куќниот притвор заменет со притвор за осомничениот за нападот врз Арсовска

Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по жалба на Основното јавно обвинителство Скопје поднесена против решение на судија на претходна постапка од 12.07.2025 година, ценејќи ги наводите...