Денес го одбележуваме најважниот празник на Украина и Украинците – Денот на Независноста на Украина. Благодарение на сите vас, денес не сме сами, туку го славиме нашиот празник заедно со пријателите. Нашата држава исто така денес не е оставена сама. Украина е опкружена и поддржана во борбата против рускиот агресор од десетици земји ширум светот. Меѓу нив е и Северна Македонија, истакна Дмитро Керечанин, заменик-амбасадорот на Украина во земјава.
„Нека нашата држава напредува, а нашиот народ нека живее во мир и хармонија. Нашите срца нека се исполнети со гордост за нашата Украина, за нашиот јазик, култура и традиции, за нашите бранители и бранителки. Денес ја славиме нашата независност, нашата заедничка иднина нека биде светла, просперитетна и полна со радост. На сите ни посакувам што е можно поскора победа над непријателот, воспоставување на праведен мир во Украина и благосостојба за секое украинско семејство“, рече тој.