fbpx

ДКСК: Бавете се со политика поради јавен, наместо поради личен интерес

-

За да се подобри лошиот индекс на перцепција на корупцијата треба да се вклучи целото општество, а особено да се остави простор за работа на независните тела како што е Државната комисија за спречување корупција (ДКСК), неопходно е да се зајакне соработката меѓу институциите, да се применуваат процедурите и да функционира контролата, порача денеска ДКСК.

– Сепак, како најважен момент би го споменала подигнувањето на свеста на сите чинители во општеството, особено на оние граѓани кои се бават со политика, тоа да не го прават од личен интерес и користољубиви причини, туку во корист на јавниот интерес и граѓаните – истакна Билјана Ивановска, претседателката на ДКСК.

ДКСК ги предупреди државните институции дека ќе отвори постапка за секој сомнеж за коруптивно однесување во предизборниот период и укажа дека масовните огласи за вработување, иако не кршат закон, се сомнеж за влијание врз гласачкото тело.

Комисијата цела година бара подобри услови за работа и кадровски да се доекипира, нагласи Ивановска, за да може поефикасно да си ја врши работата. Една од потребните „алатки“ е и софистициран софтвер за следење на финансирањето на партиите и појавувањето на бизнисмените кои донирале понатаму во тендери, што е една од причините за лошиот индекс за перцепција на корупцијата. Сега, како што објасни антикорупционерот Нури Бајрами, проверките се вршат „пешки“, односно со дописи до институции и со проверка на документи.

Следен приоритет во сузбивањето на корупцијата е целосна транспарентност на сопственичката структура на фирмите.

Со ваквите слабости, според антикорупционерите, се отежнува работата на комисијата, иако врзз неа не се врши политички притисок.

ДКСК веќе врши проверки на имотната состојба и судирот на интереси за пет судии кои Стејт департментот ги посочи под сомнение дека се партизирани, рекоа антикорупционерите, а годинава ќе проверува и судии кои се споменати во предметите кои ги работи и оние кои ќе бидат посочени во список побаран од Републичкиот судски совет, споре критериуми доставени од Антикорупциска.

За предметот за поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски, Ивановска рече дека чекаат извештај од Државниот завод за ревизија, но нагласи дека Јавното обвинителство веќе отворило постапка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Настани во повеќе онлајн игри со различни награди

Оваа пролет има многу настани на различни игри попознати под името „Event“-и, на кои има различни награди и забрзано левелирање на повеќе игри - настани кои се во тек...