Џиновска санта мраз се одвои од Антартикот, четири пати е поголема од Њујорк

Фото: Mathieu Perrier on Unsplash

Европската вселенска агенција објави дека џиновска санта мраз се одвоила од Антартикот во Веделовото море. Станува збор за ледена површина од 4.320 километри квадратни, која е долга 175 километри, а е широка 25 километри, пренесува Гардијан. Ова е најголемиот леден брег што досега се отцепил, којшто по територија е четири пати поголем од Њујорк, односно во македонски услови е голем речиси колку целиот Пелагониски регион.

Огромната санта мраз ја доби ознаката АН-76 и со својата големина ја надминува површината на најголемиот досега отцепен леден брег А-32 А, кој има површина од 3.880 километри квадратни.

Научниците засега се поделени во мислењето за тоа која е причината поради која се одвоила џиновската санта мраз од Антартикот. Отцепувањето на делови од големата ледена површина може да биде природен процес којшто се случувал и во минатото, но и постои сомнение дека одвојувањето на волку големи парчиња од Антартикот е резултат на климатските промени на Земјината топка, односно глобалниот пораст на температурата.