Џејмс Веб успешно ја помина и втората мисија – пристигна до точката Лагранж 2

Фото: Твитер профил на НАСА Веб Телескоп

Најмоќниот и најсофистицираниот телескоп некогаш создаден, Џејмс Веб вчера успешно пристигна и на неговата финална дестинација, точката Лагранж 2 на 1,5 милиони километри од Земјата, пишува Гардијан.

По лансирањето во вселената на 25 декември, неговата прва мисија беше да ги расклопи сите свои панели со огледала додека е на позицијата Л1, а втората и крајна пред да започне со својата функција беше да стигне на позицијата Л2. По патување долго милион километри, Веб пристигна на посакуваното место само еден ден подоцна од предвиденото. Сега ќе орбитира околу сонцето и Земјата додека орбитира околу Лагранж 2.

Неговите огледала мора да се уредно подредени и детекторите за инфрацрвена светлина да се доволно изладени пред да започнат научните набљудувања во Јуни. Веб и инструментите од кои е составен мора да останат екстремно ладни за да може да работаат на начинот на кој се дизајнирани и да ја абсорбираат ултра-слабите светлински сигнали од раниот развој на вселената. Оние кои го контролираа неговото патување во Балтимор се пресреќни и еуфорични за уште едниот постигнат успех.

„Веб, добредојде дома! Честитки за тимот и сета нивна работа што овозможи телескопот безбедно да стигне до Л2 денес. Ние сме еден чекор поблиску до откривањето на мистериите во вселената. И јас не можам да се воздржам да ги видам првите нови снимки од универзумот направени од страна на Веб!“, изјави  администраторот на НАСА, Бил Нелсон.

Главната мисија на најголемиот некогаш креиран телескоп со сложена и најнова технологија која чини 10 милијарди долрари е да сними слики во вселената какви досега ниту едно технолошко откритие не успеало. Џејмс Веб со неговата следна мисија која е предвидено да започне во јуни 2022 година треба засекогаш да ја смени историјат аи вистината што човекот досега ја знае за вселената и нејзиното создавање.