Фото: Министерство за правда

Претседателот на Собранието, Талат Џафери предложи да не се отвори седницата за пратенички прашања, туку 36. седница на чиј деневн е петтиот пакет економски антикризни мерки. Предлогот на Џафери беше гласан и доби поддршка од 53 пратеници.

Откако седницата почна координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски го обвини Џафери за преседан.

„Нема да дозволиме сите овие спинови и кршења на Деловникот да ги правите. Ветувавте дека имате стабилно мнозинство, а јас реков дека нема да ви правиме кворум на седниците посебно не за штетните закони. Продолжувате да се однесувате како да имате 100 пратеници, а не 62. Имавте можност пакетот мерки да го донесете на 3 март кога си самоизгласавте самодоверба. Затоа, да не ја обвинувате опозицијата, ваша е одговорноста,“ истакна Мицевски.

Потоа, Мицевски побара еден час пауза, а пратениците од опозицијата ја напуштија салата. Инаку, координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, претходно од Собранието повика на свикување на седница, за гласање на законите кои се од значење за граѓаните.

Спикерот Џафери одговори дека тој нема да правп преседан за исти точки кои се на седница и да свикува нова седница.

Јас не сум фејсбук политичар туку практичар кој спроведува прописи – рече Џафери

Џафери на брифингот со новинарите утрово информираше дека за денеска не е планирана седница, бидејќи на дневен ред се пратенички прашања кои се одржуваат секој последен четврток во месецот.