Џафери го потпиша Решението за распишување на предвремените избори на 15 јули

-

Претседателот на Собранието на РСМ, Талат Џафери информираше дека Решението за распишување на предвремените избори за пратеници во Собранието на 15 јули 2020 година го потпишал синоќа и истото е архивирано и пратено до Државната изборна комисија, до Министерството за надворешни работи и до Министерството за правда, со што се запазуваат роковите за деновите утврдени во Уставот.

– Имајќи ги предвид наметнатите, неприродни услови со ковид-19, кои го одложија спроведувањето на предвремените парламентарни избори претходно закажани за 12 април 2020, известувам дека имаме нова ситуација. Имено, како што ви е веќе познато, политичките лидери постигнаа договор за закажување на нов датум за одржување на предвремените парламентарни избори. Консензуалниот датум на власта и опозицијата е 15 јули 2020. Овие избори ќе бидат невообичаени по тоа што нема да има вообичаена изборна кампања, меѓутоа, тоа што е поважно и на кое ќе мораме сите да се придржуваме на најдисциплиниран начин се мерките и препораките на Министерството за здравство, со цел да се заштити здравјето и животот на граѓаните – вели собранискиот спикер Џафери.

Таравари: Десет пациенти хоспитализирани во земјава пуштени на домашно лекување

Десет пациенти коишто се лекуваат во земјава ќе бидат пуштени на домашно лекување, информираше денес министерот за здравство, Арбен Таравари. „Вчера имаше три пациенти што ги испишавме. Моментално во Клинички центар лежат...

Јавното обвинителство отвори истражна постапка за 27 лица и три компании во врска со пожарот во Кочани

Јавното обивинителство отвори истражна постапка против 27 лица и три компании за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во која ноќта на 16 март загинаа 59 а повредени се над 190...

Аеродромот Хитроу е затворен поради пожар кој избувна во трафостаница што предизвика прекин на струјата

Британскиот аеродром Хитроу од утрово е целосно затворен откако пожар предизвика прекин на струјата, нарушувајќи летови за илјадници патници на најфреквентниот европски транспортен центар, пренесува Асошиејтед Прес. Според сервисот за следење летови...

Пожарот во Кочани не е злодело на прозападната власт со цел уништување на Македонците

Пожари со многу жртви имало и во Русија (во ноќниот клуб Хромаја лошад во Перм во 2009 г., трговскиот центар Зимњаја вишња во Кемерово во 2018 г. или кафулето Полигон во...

Таравари: Десет пациенти хоспитализирани во земјава пуштени на домашно лекување

Десет пациенти коишто се лекуваат во земјава ќе бидат пуштени на домашно лекување, информираше денес министерот за здравство, Арбен Таравари. „Вчера имаше три пациенти што ги испишавме. Моментално во Клинички...