fbpx

Дизелот поскапува за 1 денар на полноќ

-

Цената на дизел горивото од полноќ се зголемува за 1 денар за литар, а цените на бензините Еуросупер-95 и Еуросупер-98 се намалуваат за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Новите цени на нафтените деривати се: Еуросупер БС-95 ќе се продава за 79 денари за литар), Еуросупер БС-98 ќе чини 81 денари за литар, дизел горивото Еуродизел БС (Д-Е V) има нова цена од 77 денари за литар, маслото за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) ќе чини 73,50 денари за литар. Мазутот М-1 НС од ноќеска ќе се продава по цена од 52,354 денари за килограм.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Гореле диви депонии во Желино и Боговиње

Две диви депонии синоќа гореле во Полошкиот регион. Според информациите од Центарот за управување со кризи се случиле два пожари на отворен простор во последното деноноќие, во атарот на...