Дизелот поскапува за половина денар, а цената на бензините останува иста одлучи денеска Регулатрна комисија за енергетика. Дизелот ќе се продава по цена од 61,5 денари за литар, „еуросупер БС-95“ и оваа недела ќе се продава по цена од 68,5 денари за литар, а „еуросупер БС-98“ за 70,5 денари за литар.

Од Регулаторната комисија за енергетика информираат дека во изминатиот седумдневен период референтните цени на светскиот пазар бележат намалување кај бензинот во просек за околу 0,70 проценти, додека кај дизелот има зголемување во просек за околу 1,23 проценти.