fbpx

Дизелот поевтинува за пет, бензините за 3,5 и 4 денари за литар

-

Од ноќеска на полноќ поевтинуваат сите горива, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ). Така, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ се намалува за дури 5 денари за литар, со што од ноќеска литар дизел гориво ќе се продава по цена од 79,5 денари. Исто толку ќе чини и моторниот бензин ЕУРОСУПЕР БС-98, чија цена се намалува за 4 денари за литар.

ЕУРОСУПЕР БС-95 поевтинува за 3,5 денари за литар и од полноќ на бензинските станици низ земјава ќе се продава за 77,5 денари за литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство се намалува за 4,50 денари за литар и ќе чини 77 денари, додека мазутот поевтинува за 2,115 денари за килограм и ќе чини 40,056 денари.

Поевтинувањето на горивата се толкува со пад на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар и тоа кај бензините за 8,708 отсто, кај дизелот за 8,110 отсто, кај екстра лесното масло за 8.044 отсто и кај мазутот за 5,226 отсто.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...