fbpx

Дизелот поевтинува за 2 денара, бензините остануваат со старите цени

-

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕВУ) денеска донесе одлука за намалување на цените на дизелот и на мазутот.

Дизелот ќе поевтини за 2 денара за литар, а мазутот за 1,215 денари за килограм. Цените на бензините и на екстра-лесното масло за домаќинство нема да се менуваат со најновата одлука на РКЕВУ.

Од ноќеска на бензинските пумпи Еуросупер БС – 95 ќе чини 87,5 денари за литар, Еуросупер БС – 98 90 денари за литар, дизел горивото Еуродизел БС (Д-Е V) ќе се продава за 99,5 денари за литар, Екстра лесното масло (ЕЛ-1) за 97,5 денари за литар, а мазутот ќе чини 52,74 денари за килограм.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Оживува пропагандата за непостоечка продажба на органи од украински војници

Проверувачи на факти од Украина веќе пишуваат дека ова видео претставува дел од руската пропаганда. Центарот за борба против дезинформации објавува на Фејсбук дека станува збор за невистина. Во...