Фото: Мета.мк

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,41 отсто во однос на одлуката од 12.09.2022 година.

Со одлуката, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2 денара.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

Од полноќ, литар дизел ќе чини 95 денари, а бензинот ЕУРОСУПЕР БС – 95 84,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе чини 87 денари за литар.

Маслото за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) ќе чини 93,5 денари/литар.
Мазутот М-1 НС ќе се продава по цена од 51,473 денари/килограм.