фото: Мета.мк

Според најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕВУ) донесена денеска, од ноќеска дизелот ќе се продава за 2 денара по литар пониска цена отколку досега. Екстра-лесното масло за домаќинство поевтинува за 2,5 денара по литар.

Од полноќ, горивата ќе се продаваат по следниве, највисоки зацртани цени.

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 = 84,5 денари/литар
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 = 87 денари/литар
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) = 90 денари/литар
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) = 86,5 денари/литар
– Мазут М-1 НС =- 50,391 денари/килограм

Некои продавачи на горива, според одлуката на РКЕВУ, горивата може да ги продаваат и по пониска цена.