fbpx

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-95 се зголемува за 1 денар и од ноќеска на бензинските станици ќе чини 83 денари за литар

-

Од ноќеска, цената на дизел горивото се намалува за еден денар, а цената на бензините се зголемува за половина, односно за еден денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕВУ).

Малопродажната цена на дизел горивото се намалува за 1 денар за литар и ќе изнесува 72 денари за литар. Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство се намалува за половина денари за литар и ќе се продава за 71,50 денари за литар.

Малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-95 се зголемува за 1 денар и од ноќеска на бензинските станици ќе чини 83 денари за литар. Бензинот Еуросупер БС-98 ќе се продава 85 денари за литар.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...