fbpx

Дизелот од ноќеска поскапува за 3 денари за литар, бензините за половина денар

-

Дизел горивото од ноќеска поскапува за три денари за литар, додека цената на бензините ќе се зголеми за половина денар за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ). Екстра-лесното масло за домаќинства се зголемува за еден денар за литар, додека цената на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,977 денари за килограм.

На бензинските пумпи од ноќеска Еуросупер БС-95 ќе се продава за 89,50 денари за литар, додека Еуросупер БС-98 ќе чини 92 денари за литар. Еуродизел БС (Д-Е V) ќе може да се набави по цена од 101,50 денари за литар. Екстра-лесното масло ќе има цена од 97,50 денари за литар, додека мазутот ќе се продава за 53,955 денари за килограм.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,411 отсто.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 1,173 отсто, кај дизелот има зголемување во просек за 3,246 отсто, кај екстра лесното масло зголемување во просек за 1,720 отсто и кај мазутот зголемување во просек за околу 1,255 отсто.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.