Фото: Порталб.мк, Суад Бајрами

Ново поскапување на цената на дизел горивото во земјава. Малопродажната цена на дизелот од ноќеска ќе се зголеми за два денари за литар, односно на бензинските пумпи ќе се продава за 98,50 денари за литар, информираат од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Цените на бензините не се менуваат со најновата одлука, додека малопродажната цена на мазутот се зголемува за 1,292 денари за килограм и од ноќеска тој ќе се продава 52,978 денари за килограм.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,41 отсто.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 0,102 отсто, кај дизелот има зголемување во просек за 2,304 отсто, кај екстра лесното масло има зголемување во просек за 2,512 отсто и кај мазутот има зголемување во просек за околу 1,049 отсто.

Напишете коментар