,,Дизајнерска игра со традицијата” – Изложба на Кирче Стојоски

-

Младиот дизајнер Кирче Стојоски од Охрид, отвори интересна изложба на дизајнерски парчиња на мебел, под наслов: „Дизајнерска игра со традицијата”. Во рамките на програмата на Охридско лето, љубителите можат да ја погледаат во изложбениот салон при Центар за култура „Григор Прличев” во Охрид.

Стојоски објаснува дека креирањето на вакви продукти можеби повторно ќе го поттикне изучувањето на традиционалните занаети кои се во изумирање, а ја докажале својата вредност низ времето. Што може да биде поспецифично, вели младиот уметник, од уникатен дизајнерски предмет специјално дизајниран за корисникот преку непосредна употреба на занаетчиските техники од кои ќе произлезе современ продукт со уметнички вредности кој би го зазел своето место во светот на дизајнот каде што доминираат производи масовно произведени на индустриски начин.

– Концептот е да се престави и традицијата и иновацијата. Направивме обид да ги обединиме занаетите со модерен дизајн. Сегашноста и минатото се ставени во дијалог меѓу себе што резултира со изненадувачка приказна и уникатен дизајн, продукти со душа и со приказни кои пренесуваат и предизвикуваат љубов и внимание. Ова е обид на дизајнот преку игра со минатото и со користење на традицијата со ново значење во формата и функцијата, повторно да ги истакнеме нашите културни вредности од минатото, но и од сегашноста – вели Стојоски.

Стојоски Кирче дипломирал на Факултетот за арт и дизајн, отсек дизајн на ентериери и досега има реализирано три самостојни изложби.

В.М

Љутков: Културата и европските престолнини на културата се моќен двигател за одржливиот развој

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков учествуваше на Состанок на министрите за култура од Западен Балкан. На состанокот на кој присуствуваа и еврокомесарите за проширување и за меѓугенерациска правичност, млади, култура...

Детектор анкета: Мерките за замрзнување не даваат ефект, граѓаните ги обвинуваат маркетите за инфлацијата

Само 16 проценти од граѓаните можат целосно да си ги покријат месечните трошоци за живот, покажува анкетата која за емисијата Детектор на Сител ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Третина...

Парламентарни избори во Косово

Во Косово денеска се одржуваат парламентарни избори, на кои граѓаните ќе можат да гласаат во 941 избирачки центар и 2,533 гласачки места. Косовските граѓани во дијаспората гласаа вчера во 30 дипломатски претставништва,...

Истрага против дилер на дрога во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 46-годишен скопјанец осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни сустанции и прекурсори по...

Љутков: Културата и европските престолнини на културата се моќен двигател за одржливиот развој

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков учествуваше на Состанок на министрите за култура од Западен Балкан. На состанокот на кој присуствуваа и еврокомесарите за проширување и за меѓугенерациска правичност,...