Не стивнува еуфоријата по историскиот успех на екипата на „Медена земја“, филмот во режија на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов кој е номиниран во две категории за оскарите, за најдобар документарец и за најдобар странски филм. По бројните изјави, пофалби и желби за уште поголем успех на доделувањето на оскарите на 9 февруари во славеничката атмосфера се вклучија и македонските уметници со свои дизајнерски видувања изработени како поддршка на патот на „Медена земја“ кон оскарите.

Порталот „Окно“ направи избор од дизајните, а автори се Ѓорѓе Јовановиќ, Зоран Кардула, Перо Георгиев, Небојша Гелевски, Теано Кардула,Ласко Џуровски, Александар Ковачевски, Милчо Вељаноски, Ристо Аврамовски, Андреј Павлов, Ана Стојановска и Васил Шемко.