
Легендарниот кошаркар Владе Дивац изрази поддршка за студентите кои учествуваат во протестите во Србија, пишува порталот на СпортКлуб. На својот Инстаграм профил, Дивац сподели објава од навивачката група на Партизан, „Гробари“, во која се вели: „Гробари ќе бидат на улиците на Белград и ќе ги штитат своите драги студенти. Во случај на напад врз вас, пуштете нè нас“.

Студентите од цела Србија се собираат во Белград за големиот протест закажан за денеска, 15 март. Многумина од нив пешачат по стотици километри за да учествуваат во протестите, што траат веќе четири месеци. Пристигнувањето на студентите во главниот град беше проследено со насмевки, солзи, прегратки и звуци на свирчиња.
Студентите дочекани во Белград, се очекува најголемиот протест во историјата на Србија