Дискотеката била полна со запаливи материјали, немала хидрант, а за концертот немало договор

Една импровизирана метална врата на задниот дел од објектот била заклучена и обложена со гипс картон и сунгер за звучна изолација

-

За десет лица за кои денеска се обезбедени докази во врска со трагедијата која се случи во дискотеката во Кочани се бара притвор, а над дваесет се повикани на информативни разговори во полициски станици, информираше вечерва Јавниот обвинител Љупчо Коцевски. Меѓу нив е и еден од организаторите кој денеска на обвинителите им кажал дека за вчерашниот концерт на групата ДНК нема писмен договор со изведувачите.

Коцевски посочи дека од увидот на лице место било констатирано дека објектот немал хидрант, ниту пак доволен број на противпожарни апарати. Зградата не била ниту регистрирана како угостителски објект, туку се водела како лесна индустрија според имотниот лист. И покрај тоа имала дозвола за работа од Министерство за економија издадена пред 15 години, иако не извршила пренамена.

„Немало две излезни врати туку само една. Една импровизирана метална врата на задниот дел од објектот била заклучена и обложена со гипс картон и сунгер за звучна изолација. Немало ниту пристап за протипожарни возила од две страни. Внатрешноста на објектот не бил направен од материјали со протипожарни својства, ниту пак имало систем за известување на присутните за случаи на пожар“, рече Коцевски.

Напротив, посочи дека објектот бил обложен со материјали за звучна изолација и визуелни ефекти кои биле лесно запаливи. Пиротехничките материјали се користеле противзаконски.

Коцевски информираше дека во полициска станица исказ давал и поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, како и дека утре истрагата ќе продолжи и дека ќе бидат ангажирани уште неколку јавни обвинители од Скопје заради обемот на работата.

Озбек Ајваз: Чаир е место во кое соживотот е реалност

Младиот и перспективен уметник од скопската населба Чаир, Озбек Ајваз, денеска во неговото маало, ја постави урбаната уметничка инсталација која ја нарече „Клуата на заедниците“. Ајваз е добитник на наградата „Шампион на...

„Н1“: Од каде српско „љ“ во рускиот извештај и други нелогичности?

Безбедносната информативна агенција (БИА) на својата веб-страница објави извештај на Руската Федерална служба за безбедност за употребата на таканаречениот звучен топ во Србија. Веднаш штом бил објавен текстот, биле забележани грешки...

Екс градоначалникот на Лозово дозволил незаконски да се исплатат 205 илјади денари

СВР Штип поднесе кривична пријава против А.В. (48) од Лозово, Т.Г. (51) од Скопје и Л.Л. (68) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена...

Денот на победата над фашизмот се прославува и во Скопје

Денот на победата над фашизмот се празнува и се одбележува и во Скопје (и во сите други градови во земјата), но и како Ден на Европа, а на 8 мај како...

Озбек Ајваз: Чаир е место во кое соживотот е реалност

Младиот и перспективен уметник од скопската населба Чаир, Озбек Ајваз, денеска во неговото маало, ја постави урбаната уметничка инсталација која ја нарече „Клуата на заедниците“. Ајваз е добитник на наградата...