Директорски кавги и тензија во училиштето „11 Октомври“

-

Тензично е утринава во општинското основно училиште „11 Октомври“ во скопски Центар. Во објектот беше присутна полиција и обезбедување, како превенција да не се случи поголема тензија помеѓу двете групи наставници и родители, кои ги подржуваат сегашниот и поранешниот директор на училиштетo.

Имено и Васко Лазаревски, назначен од Општина Центар, и Даниела Костадинова, именувана од Министерството за образование, тврдат дека се актуелни носители на оваа функција. Родителите се бесни затоа што политиката премногу навлегла во училиштето, а поради тоа никој не се грижи за образовниот процес, ниту за децата.

Васко Лазаревски, в.д. директорот назначен од Општина Центар, вели дека наставничкиот совет му ја утврдил валидноста на функцијата.

– На советот се утврди дека валиден во моментот сум јас сè до завршување на постапката што ја почна разрешената директорка. Госпоѓата Костадинова моментално е во канцеларијата на секретарката, јас во директорската канцеларија. Според законот, разрешената директорка треба да се врати  во нејзиното матично училиште „Рајко Жинзифов“, а таа дојде и без завршена постапка се претставува како директор. Воспитно-образовниот процес ќе продолжи да се одвива според наставните планови – вели Лазаревски.

Разрешената директорка, Данила Костадиновска, пак, вели дека е незаконски разрешена, за што поднела жалба, која ѝ била уважена, и замоли да ја остават да си ја врши функцијата.

– По сценираната драма со труењето, јас сум незаконски разрешена од градоначалникот на Општина Центар, со образложение дека сум ги занемарила своите законски обврски, за што поднесов жалба до Државната комисија за одлучување по управна постапка, која ми беше уважена, со што одлуката за моето разрешување се поништува. Ги известив Државен управен инспекторат, Државен просветен инспекторат, Министерство за образование и наука, Министерството за локална самоуправа и Централен регистар. Господинот Жерновски очигледно не знае што прави, не го почитува законот и води дневна политика. Треба да ме остават да си ја вршам својата функција – вели Костадиновска.

За време на изјавата на Костадиновска, десетина родители влегоа во канцеларијата и ја обвинија дека лаже и дека води партиска политика во училиштето.

– Ова училиште не е партиска установа, кога ќе го сфатите тоа? Нашите деца не се скапани јаболчиња. Зборуваме за политика или за наши сопствени деца? Имајте доблест и дајте си оставка. На крај, сите ќе си ги земеме децата и ќе бидете директорка на клупи и на столчиња. Со партиска политика уништивте едно од најдобрите училишта во земјава. Нас воопшто не нè интересираат Вашите партиски политики, го сакаме само најдоброто за нашите деца – рече еден родител.

Во Скопје одбележан роденденот на Горан Стефановски, легендарен деец на современата македонска култура

Во срцето на скопското Дебар Маало денес беше одбележан 27 април, роденденот на драматургот и јавен интелектуалец Горан Стефановски (1952-2018), чии драми и стихови имаат култен статус во современата македонска култура. Прославата...

Родители на загинатите млади во Кочани бараат одговорност и обвинуваат за притисоци

Родители на загинатите млади во трагичниот настан во Кочани вчера на протестен собир побараа одговорност од институциите и обвинија дека се соочуваат со притисоци и закани за апсење. На протестот, една од...

Во судар на мотор и електричен тротинет загина 16-годишно момче

Денеслк во раните утрински часови, во близина на трговскиот центар „Чаирчанка“ во Скопје, се случи трагична сообраќајна несреќа во која загина 16-годишен возач на мотоцикл. Извршен е увид од страна на...

Бегство во иднината

Емиграцијата на младите луѓе не претставува проблем само за општеството во Црна Гора, туку и за други места во регионот. Има многу студенти од други балкански земји со слична приказна. Кристијан...

Во Скопје одбележан роденденот на Горан Стефановски, легендарен деец на современата македонска култура

Во срцето на скопското Дебар Маало денес беше одбележан 27 април, роденденот на драматургот и јавен интелектуалец Горан Стефановски (1952-2018), чии драми и стихови имаат култен статус во современата...